Скапите автомобили што вчера граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Христијан Мицкоски.
Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Организираат таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.
Граѓаните одамна го препознаа нечесниот и неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа не им даваат поддршка на лажните и лицемерни протести кои служат само за зачувување на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец.
Уште еднаш се покажа дека Мицкоски знае само да брани криминал и лични интереси и дека потребите на граѓаните не го интересираат. Со таков однос тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција.