Секторот Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, за потребите на новото јавно претпријатие под закрила на Град Скопје, ЈП Лајка – претпријатие за хуман третман на животни скитници, во текот на изминатите две недели интензивно работеше на одводнување и приклучување на отпадните води на објектот.
Имено, за таа цел беа направени 16 приклучоци на санитарни чворови за тоалети и одводи за боксови за кучиња. 14 од нив се со големина на цефка ф110мм, а 2 се со големина ф160мм. Во текот на работните активности беа изведени 3 шахти, беа сменети и вградени 8 капаци за шахти (тежок тип) и 1 бетонски капак. Истовремено беше изведена и мрежа со големина на цефка ф200мм и ф160мм, во должина од околу 100 метри.
Со поставување на водоводната мрежа и решавање на прашањето кое се однесуваше на одведување на отпадните води се обезбедени услови за основните потреби на ова претпријатие и неговото отпочнување со работа и нормално функционирање.