Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб потврди дека е неприкосновен на домашната сцена. Во 4. коло ја забележа и четвртата победа, овојпат на „жешкиот терен“ на „Пољуд“ во Сплит против вечниот ривал Хајдук со 1-2.
Динамо предводен од капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми прикажаа добра игра. Ги искористија шансите и на крајот заслужено победи. Кастрати го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а на самиот почеток од вториот дел Оршиќ зголеми на 0-2, решавајќи ги сите дилеми околу победникот.
Конечниот триумф можеше да биде и уште поубедлив, но голманот Посавец го спаси Хајдук од тежок пораз. Домаќините пред крајот постигнаа почесен гол преку Јуриќ во 87. минута на аситенција од македонскиот интернионалец Јани Атанасов, кој само што влезе во игра со добро изведен корнер му подготви прилика на својот соиграч да постигне почесен гол. За младиот (20 г.) Атанасов ова беше дебитантски настап за тимот од Сплит откако летово пристигна во мјатото на Хајдук.
Хрватскиот тим Хајдук е противникот во 2. квалификациско коло за Лига Европа на македонскиот прволигаш Ренова кој ќе го пречека в четврток на теренот во СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ.