Сопственикот на компанијата „Еколог Интернешнл”, Лазим Дестани додели донација за реновирање на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје, позната како стара Градска болница. Дестани денеска го посети овој медицински центар за лично да го увиди напредокот на тековните работи.
Донацијата за реновирање на овој болнички центар во Скопје доаѓа по низата донаторски активности на групата „Еколог”. За време на пандемискиот период, оваа компанија во рамки на корпоративната општествена одговорност донираше техничка опрема за присуство на процес на учење преку интернет за деца од социјални семејства низ целата држава, материјали и опрема во болницата во Тетово и доставени тестови за Ковид-19 до надлежните органи на Министерството за здравство.
Со донацијата за реновирање на хируршкиот објект во Скопје значително ќе ги подобри условите претворајќи го во здравствен дом со модерен изглед.
За време на посетата на болницата, Дестани се сретна со директорите на клиниката Љубен Арсенков и Нермин Шаќири.
– Денешната посета на Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог”, претставува особено задоволство и чест за нас. Донацијата за обнова на фасадниот-атриум е од исклучително значење за нашата болница. Се надевам дека оваа општествена одговорност на Дестани ќе биде поттик за други можни донации од други компании или поединци. Во име на целиот тим, повторно му се заблагодарувам за донацијата и особено за честа што ни ја направи со посетата на оваа болница, изјавија првите луѓе на клиниката.
Покрај оваа донација во Град Скопје, „Еколог” група разговара со надлежните органи за капитална инвестиција за воспоставување на модерна универзитетска здравствена клиника за полошкиот регион, во Тетово.
Како дел од проектот „EcoCare” за Ковид-19, компанијата „Еколог Интернешнл” веќе спроведува голем број проекти од областа на здравствените услуги во неколку западноевропски земји.