Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека некои кои знаат дека Турција е важна земја на секој можен начин се обидуваат да воспостават контрола и да управуваат со таа држава, но дека во тоа нема да успеат.
– Нема сомнеж дека некои во ноќта на 15. јули 2016 година биле на истите позиции и чекале да кажат дека пучот успеал и дека “нашите момци повторно успејаа”. Но., таа ноќ видовме дека кога народот ќе стане на нозе, на непријателите тогаш не им се од корист ниту тенкови, топови, оружје, ниту медиумите, а ниту меѓународната поддршка – рекол Ердоган во обраќањето на симпозиумот одржан во Истанбул по повод 40 години од пучот кој се случи на 12. септември 1980 година.
Нагласил дека секој воен удар се изведува за да се надомести недостатокот и неуспехот од претходниот.
Ги коментирал и случувањата во источниот Медитеран како и улогата на Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон во тој регион.
– Господине Макрон, уште многу мака ќе имаш со мене. Ти не з аеш историја. Не ја знаеш ниту историјата на Франција. Затоа, не се занимавај со турскиот народ и Турција. Не можете да ни држите предавања за човечноста – рекол турскиот претседател.
На Грција и нејзините власти им порачал дека прават грешка со случувањата во источнуот Медитеран.
– Постапувате погрешно. Не одете по тој пат, ќе останете целосно сами – додал Ердоган.
На крај додал дека Турција не планира да бара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како што некој посакува.
– Повеќе за нас не постои вратата која се вика ММФ, доволни сме сами на себе. Оваа земја е самоиздржлива – порачал Ердоган.