Кошаркарската Федерација на Македонија го објави распоред за натпревари од новата сезона во Првата лига. Првенството стартува на 3 октомври, а во 1.коло, ќе се игра најголемото дерби во мак-баскетот меѓу вечните ривали Работнички и шампионот МЗТ Скопје. Домаќин на овој меч ќе биде тимот од Градскиот Парк.
На другите пет средби, од првата рубнда се среќаваат: Академија ФМП – Гостивар, Кожув – Пелистер, новиот прволигаш ТФТ – Куманово, Вардар – Црн Дрим и вториот тим на МЗТ ќе се сретне со Еуро Никел.