Поранешниот кошаркар на НБА-лигашот Бостон Селтикс, а сега стручњак, Пол Пирс тврди дека сериозно би го подобрил својот просечен учинок доколку играше во денешната лига.
-Сите знаеме дека во денешната НБА, правилата ги фаворизираат напаѓачите. Јас просечно би постигнувал по 50 поени на натпревар, изјави Пирс.
Просечниот учинок на Пирс за 19 години во НБА е 19,7 поени. Во сезоната 2005/06, тој стигна до просек од 26,8 поени по натпревар.