Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице co депозити во вредност од седум милиони евра

Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра.

Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банката.

За прашања кои се предмет на интересирање на јавноста, како и за проверка на информации коишто се во моја надлежност можете да се обратите не електронска адреса eurostandard@eurostandard.com.mk.

Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка

Треба да знаете
Последни објави