Македонската ракометна репрезентативека Сара Ристовска со тимот на ЦСКА Москва го изненадија на стартот од Лигата на шампионите во женска конкуренција, европскиот првак Ѓер (27-27). Екипата на Ѓер која три години по ред ја освојува ЛШ, се спасуваше во последниот напад од пораз од дебитантот ЦСКА Москва.
Сара Ристовска, македонската репрезентативка постигна три гола од четири обиди, но најбитно беше запишана украдена топка за неа во 59 минута од мечот по што ЦСКА преку Димитриева поведе 27-26 против Ѓер и имаше победа во џеб но не ја сочува.
Рускиот состав одлично им парираше на европските шампионки, на одмор се замина со израмнети 14-14. ЦСКА Москва во следното коло ја очекува нов сериозен предизвик, гостување во Подгорица против тимот на Будуќност.