Вардар му го нанесе првиот пораз на Шкупи во тековната сезона

Вардар го победи Шкупи со 1:0 попладнево на Национална арена „Тодор Проески” во Скопје. За тимот од Чаир ова е прв пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига.

Резултати на денешните четири средби од 5. коло во ПМФЛ:
Борец – Академија Пандев 2:0
Пелистер – Македонија ЃП 0:0
Ренова – Работнички 0:1
Вардар – Шкупи 1:0.

Вчера:
Беласица – Шкендија 0:3
Струга Трим Лум – Силекс 2:0.

Води Шкендија со 11 бода, Силекс 10, Шкупи 10, Работнички 8, Борец 8, Струга 7, Македонија ЃП 7, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.

Треба да знаете
Последни објави