Во Минск приведени десетици демонстранти, меѓу нив и новинари

Илјадници луѓе се собраа вчера на улиците на Минск, а полицијата приведе десетици демонстранти.

Телевизијата Белсат јави дека најмалку 10.000 демонстранти учествуваа на Маршот на жените во Минск. Тие побараа ослободување на затворената лидерка на опозицијата, Марија Колесникова и го повикаа претседателот Александар Лукашенко да се повлече од функцијата.

Кога учесниците на Маршот стигнаа до плоштадот Слобода, безбедносните сили започнаа да ги туркаат назад, да апсат жени и да ги внесуваат во возила.

Виасна, група за човекови права во Минск, објави дека најмалку 69 жени биле приведени во текот на денот.

Белсат, сателитски телевизиски канал со седиште во Полска и насочен кон Белорусите, соопшти дека меѓу уапсените се и две нивни, кои носеле елеци, идентификувајќи се како членови на печатот. Полицијата ги запленила нивниот фотоапарат и телефони.

Треба да знаете
Последни објави