Урсула фон дер Лајен в среда во ЕП ќе зборува за „Состојбата во Унијата”

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во среда, на 16 септември, во Европскиот парламент ќе одржи говор за „Состојбата во Унијата.

Ова е 11-ти годишен говор на претседателот на Комисијата за состојбата и предизвиците на ЕУ.

Фон дер Лајен, која на 1 декември го презеде претседателството со Европската комисија, за првпат ќе зборува за резултатите на ЕК во 2020 година, но и за приоритетите за следната година.

Говорот и дебатата на европратениците ќе се одржат во Европскиот парламент во Брисел, откако поради ситуацијата со коронавирусот во Франција се откажа седницата закажана за Стразбур.

Треба да знаете
Последни објави