На стартот на Премиер лигата тимот на Евертон успеа да ја обезбеди првата победа и тоа не било каде туку на гостински терен кај тимот на Тотенхем. Херој на гостинската екипа е Калверт – Левин кој погоди 55 минута, и на тој начин му донесе драгоцено водство на гостинскиот состав. Иако до крајот на мечот имаше уште доста да се игра сепак, Тотенхем не успеа да обезбеди ниту бод, туку во првото коло доживеа шокирачки пораз.