Охридски газда ги затвори своите објекти и на вработените им плати одмор во Анталија

Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, стои во објава на Твитер

ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive. Многу од нив прв пат се качија во авион, пишува на Твитер налогот на Плавуша со црн корен.

Вакво хумано дело од бизнисмен досега не е забележано во Македонија, посебно не во време кога многу приватни бизниси „настрадаа“ поради пандемијата од коронавирус.

 

 

Треба да знаете
Последни објави