На почетокот на новата сезона за Пари Сен Жермен, напаѓачот Килијан Мбапе го известил раководството за неговата желба да си замине следното лето, тврди „Тајмс”. Неговиот договор со клубот е до јуни 2022 година.
Светскиот шампион имаше планови да го смени тимот уште ова лето, но хаосот околу пандемијата на коронавирус ги сменил работите и тој остана во Париз.
Мбапе веќе помина три сезони во ПСЖ, откако беше земен од Монако за 180 милиони евра – втора највисока сума за трансфер во историјата на фудбалот.
За шампионите на Франција, тој има 77 голови на 102 натпревари во Лига 1.
Се чини дека Реал Мадрид е најсериозен кандидат за негово привлекување.