Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во среда, на 16 септември, во Европскиот парламент ќе одржи говор за „Состојбата во Унијата.
Ова е 11-ти годишен говор на претседателот на Комисијата за состојбата и предизвиците на ЕУ.
Фон дер Лајен, која на 1 декември го презеде претседателството со Европската комисија, за првпат ќе зборува за резултатите на ЕК во 2020 година, но и за приоритетите за следната година.
Говорот и дебатата на европратениците ќе се одржат во Европскиот парламент во Брисел, откако поради ситуацијата со коронавирусот во Франција се откажа седницата закажана за Стразбур.