Екипата на Лестер со убедлива победа со 3-0 на остварена на гостински терен кај Вест Бромвич Албион, ја започна новата сезона.
Популарните „лисици“ до првиот гол чекаа се до 57/минута кога Белгиецот, Кастање им донесе водство.
Во продолжението два гола на Џејмс Варди и двата од пенал. Првиот во 73-тата, а вториот во 83-тата минута, за конечни 3-0.
Покрај овој натпревар денеска ќе се игра и дуелот меѓу Тотенхем и Евертон.