Олимпик Mарсеј го порази ПСЖ

Актуелниот франциски фудбалски првак Пари Сен Жермен по неочекуваниот пораз во четвртокот од Ленс со 0:1, и во неделата беше минимално поразен на домашен терен од најголемиот ривал Олимпик Марсеј во третото првенствено коло.

ПСЖ, за разлика од првиот меч, настапи засилен со Нејмар и Анхел Ди Марија, но и натаму игра нез Мбапе, Икарди и Маркињос.

Единствениот погодок на мечот го постигна Флоријан Товен во 31 минута. Олимпик славел последен пат во Париз во февруари 2010 година. Марсеј не успеваше да слави над ПСЖ од 28-ми ноември 2011 година, кога мечот заврши со 3:0, а од тогаш вечерашните противници одиграа 21 меч во сите натпреварувања од кои Марсеј успеа да ремизира само на три.

Марсеј сега има две победи во последните два меча и е петти на табелата со шест бодови, еден помалку со меч помалку од Рен, Монако и Лил, а со ист ефект како и Сен Етјен, Ленс и Ница. Додека ПСЖ е само 17-ти без бодови од двата одиграни натпревара.

Во самата завршница на судиското продолжување на мечот, слабиот судија Брисар покажа пет црвени картони, од кои три за домашните и два за гостите. Кај ПСЖ беа исклучени Левен Курзава, Леандро Паредес и Нејмар, додека кај Марсеј „поцрвенеа“ Џордано Амави и Дарио Бенедето.

Најголем виновник за тепачката на теренот беше бразилскиот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, кој некполку во глава ги погоди ривалите, а црвениот картон го доби дури при прегледот на снимките.

Реултати:

Во недела:
Лил – Мец 1:0
Анже – Ремс 1:0
Дижон – Брест 0:2
Лориен – Ленс 2:3
Ним – Рен 2:4
Монако – Нант 2:1

Во сабота:
Монпелје – Мец 3:1
Сен Етјен – Стразбур 2:0

Во петок:
Бордо – Лион 0:0

Треба да знаете
Последни објави