Помпео: САД се загрижени за турските активности во источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази длабока загриженост во врска со турските активности на кои се спротивставуваат Грција, Кипар и ЕУ.

„Ние остануваме длабоко загрижени за турските операции за пребарување природни ресурси во источните медитерански области за кои Грција и Кипар тврдат дека им припаѓаат“, изјави Помпео по состанокот во Никозија со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис.

Помпео дојде на Кипар од Доха, каде во саботата почнаа разговорите меѓу авганистанската влада и талибанските бунтовници за мировен договор.

Шефот на американската дипломатија остана на Кипар само неколку часа, пренесува Блумберг.

Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за потрагата по наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара вели дека има еднакви права на нив.

Треба да знаете
Последни објави