Најдебелиот крај најверојатно ќе го извлече Нејмар, кој би требало да добие седум натпревари казна затоа што го удри фудбалерот на Марсеј, Алваро Гомез.
Од друга страна, Гомез би можел да добие казна од десет меча поради расистичка навреда кон Бразилецот, доколку се покаже тврдењето на Нејмар како точно.
Конечната одлука се очекува во среда, па останува да видиме какви суспензии ќе добијат фудбалерите.