Во Индија регистрирани се 92.071 нов случај на Ковид-19 со што вкупниот број на заразени лица се искачи над 4,85 милиони, соопшти индиското Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се над 1.100 смртни случаи, со што вкупниот број на починати луѓе изнесува 79.722.
Индија е на второ место по бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус, но од средината на август секојдневно пријавува повеќе заразени од САД, кои се на прво место.
Стапката на смртност од последици од Ковид-19 е мала во споредба со бројот на инфицирани, но забележан е мал пораст на смртните случаи.