Кризниот штаб во Србија за борбата со пандемијата предизвикани од коронавирусот одлучи да апелира до своите граѓани до петок да се вратат во својата земја и да бидат солидарни со останатите, да ги сведата контактите на минимум или пак веднаш да замината на тестирање.
Зголемениот проаст на новинфицирани во земјата е последица од враќањето на граѓаните кои патуваат на одмор во Црна Гора и Хрватска каде ситуацијатасо вирусот не е добра.
-Сите граѓани кои се враќаа од странство пред се од земјите каде дојде до „екслозија“ на коронавирусот како што се Црна Гора и Хрватска ќе треба задолжително да се јавата кај епидемиолог или по свој избор кај лекар во рок од 24 часа по влегувањето во земјата – соопштуваат од Кризниот штаб по седницата.
Како е одлучено, лекарите во зависност од здравствената ситуација на граѓаните ќе препорачаат дали е неопходно воведување задолжителен надзор или не.
Оваа одлука ќе стапи на сила в петок од 18 часот.