Илон Маск коментираше за Бил Гејтс: Тој нема поим

Четвртата најбогата личност во светот ја нападна втората најбогата личност во светот.

Откако коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс се посомнева во одржливоста на електричните камиони, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск напиша дека смета дека Гејтс нема поим.

Маск во саботата одговорал на прашањето на корисникот на „Твитер“ за тоа што мисли за изјавата на Гејтс за електричните возила.

Гејтс ги образложи своите размислувања за електричните возила на својот блог во август, објаснувајќи зошто е скептичен во врска со потенцијалот за електрични возила како возила на голема далечина. Неговата причина е што батериите се големи и тешки.

Гејтс објасни дека верува дека, дури и со големи откритија во технологијата на батерии, електричните возила веројатно нема да бидат практично решение за поголеми возила, како што се товарни бродови и патнички авиони.

Наместо тоа, Гејтс предлага евтини алтернативни горива, како што се биогоривата, како можно решение за комерцијалните возила. Но, Гејтс им се заблагодари на некои производители на автомобили (Џенерал моторс и Форд) и на новите марки како Ривијан и Болингер за нивниот напредок во производството на електрични камиони. Тој не го спомна „Тесла“.

Тоа не се првите негативни забелешки на Маск за Бил Гејтс. Во февруари, Маск коментираше дека смета дека разговорот со Гејтс е неинспиративен. Несогласувањето дојде откако Гејтс во едно интервју спомена дека купил електрично порше од „Тајкан“, а не од „Тесла“.

Треба да знаете
Последни објави