Кисиќ-Тепавчевиќ: Српски граѓани кои се наоѓаат во земјите од регионов да се врата дома до петок

Владата на Србија од петок во 18 часот ќе почне да врши засилен надзор на граѓаните кои ќе се враќаат од странство во земјата, изјави Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, член на Кризниот штаб во борбата предизвикана од пандемијката со коронавирусот. Тепавчевиќ затоа ги повикала сите српски државјани кои се наоѓаат во земјите од регионов да се врата дома до петок, пренесуваат тамошните медиуми.

Според Кисиќ-Тепавчевиќ во цела Европа е забележан зголемен број на бово евидентирани лица кои се позитивни на коронавирусот.

-Ако сакаме да патуваме надвор од земјата треба добро да размислиме дали тоа е неопходно, бидејќи скоро секаде ситуацијата со коронавирусот е многу полоша отколку во Србија – порачала Кисиќ-тепавчевиќ пред почетокот на денешната седницата на Кризниот штаб.

 

Треба да знаете
Последни објави