Во Бордо се воведуваат рестриктивни мерки во обид да се спречи епидемијата со Ковид-19

 Префектот на Нова-Аквитанија побара од семејствата да ги ограничат приватните собири до 10 лица, додека јавните собири се ограничени на 1.000 лица, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Соочен со повторното активирање на случаите во регионот на Нова Аквитанија, префектот најави забрана за консумирање алкохол во баровите и рестораните во Бордо. Исто така, забрането е консумирање алкохол на јавните патишта. Забрането е и емитување музика на јавни места и организирање на игранки.

Рестораните и баровите што не го почитуваат здравствениот протокол, ќе бидат затворени, а според префектурата веќе  осум установи веќе се затворени.

Треба да знаете
Последни објави