Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, им се извини на семејствата на убиените демонстранти и повика на помирување.
Во протестите во колумбиската престолнина минатата недела загинаа 10 цивили и беа ранеи стотици поради полициската бруталност.
„Бараме прошка за сите жртви на полициска бруталност. Бараме правдата да биде задоволена затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото да се случи и со овие жртви”, рече таа на комеморацијата на жртвите.
Протестите во Богота и во близина на Соака започнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела во средата, пренесува „Ројтерс“.
За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени откако полицијата во Богота употреби огнено оружје. Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соака.
Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз.