Во првите осум месеци од годинава, во Грција забележан е пад од 70 отсто во патничкиот сообраќај на сите аеродроми, а за август, намалувањето е 55,7 проценти во споредба со лани. Според податоците од грчката Агенција за цивилно воздухопловство, во периодот јануари – август 2020 година, бројот на патници на грчките аеродроми, достигнал до 13,4 милиони, наспроти 44,9 милиони истиот период лани.
Намалување има и во бројот на летовите, од 368.414 лани, на 161.180 оваа година.
Во месец август годинава, намалувањето на патничкиот сообраќај е 55,7 отсто во споредба со лани.
Регистрирани се 4.539.902 патници, наспроти 10.238.414 во август 2019 година.
Во однос на летовите, минатиот месец имало за 41,4 проценти помалку од лани.
– Статистичките податоци од сите аеродроми во земјата ги одразуваат негативните ефекти од пандемијата на Ковид-19. Карактеристично е што пад на патничкиот сообраќај има шести последователен месеци, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.