Состојбата на рускиот дисидент Алексеј Навални е дополнително подобрена и тој може на кратко да се крене од својот кревет, соопшти денеска берлинската клиника „Шерите”, во која се наоѓа на лекување, откако пред две недели со авион беше пренесен од болницата во сибирскиот град Омск, јави ДПА .