Шпанскиот фудбалски гигант Барселона продолжува да преговара за да го реализира трансферот на напаѓачот од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез. Неодамна, каталонскиот клуб ги засили обидите за стекнување на 23-годишниот Аргентинец, пренесува „Марка”.
Првично, Интер бараше 111 милиони евра за играчот. Сега „миланезите” ги намалија своите барања на 90 милиони. Самиот Лаутаро би сакал да се пресели во Барселона, но е вознемирен од ваквите тешки преговори за неговиот трансфер.
Минатата сезона, 23-годишниот Аргентинец одигра 49 натпревари за Интер, постигна 21 погодок и 7 асистенции.