Депонијата кај СРЦ „Борис Трајковски“ утринава повторно е запалена. Како што изјави Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита, пријавата за пожарот ја добиле утринава во во 8.10 минути.
-Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење, велат од пожарна.
Оваа депонија, екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и Град Скопје ја чистеа на крајот на април, минатата година, но несовесните граѓани сега повторно направиле нова.