Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен во болница поради респораторни проблеми

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен (94) денеска бил примен во болница откако се пожалил на респираторни проблеми, изјави еден од неговите соработници, пренесоа британските медиуми.

Францускиот весник „Ле Паризиен” претходно соопшти дека Д’Естен,  кој беше на чело на Франција од 1974 до 1981 година, се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Жискар Д’Естен ја предводеше модернизацијата на француското општество, дозволувајќи го разводот со заедничка согласност, легализирањето на абортусот и намалување на возраста за гласање од 21 на 18 години.

Треба да знаете
Последни објави