Приморска во последен час нашла спонзор, МЗТ Скопје ќе остане без настап во првата АБА-лига

Словенечкиот тим Приморска не се откажува и планира да игра во регионалната АБА лига, пренесува кошаркарскиот интернет сајт Спортандо. Како што напиша првиот човек на овој сајт, Емилијано Каркија, челниците на Приморска во последен момент успеале да најдат спонзор и планираат да играат во регионалното кошаркарско натпреварување.

Ова значи дека екипата на МЗТ Скопје најверојатно ќе остане со празни раце бидејќи „металците“ беа прва резерва во случај некоја екипа да го откаже учеството во АБА лигата наредната сезона.

Треба да знаете
Последни објави