Водителката Адријана Алачки го поддржа д-р Жан Митрев со објава на социјалните мрежи, откако деновиве огромно внимание привлече веста за синот на д-р Жан, Филан Митрев кој беше обвинет за тероризам.
Лани во ноември на 25години бил уапсен Филан Митрев за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.
Десет месеци подоцна, оваа вест добива нов агол откако германските медиуми објавија дека организаторот на нападот што требало да се случи во Франкфурт, Филан Митрев, потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.
„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев, „секој човек на 25 години одговара за своите постапки“, додаде тој, а подоцна се изјасни и дека веќе неколку години не биле во контакт.
Објавата на Алачки, со поддршка за д-р Жан, кој наиде на многу критики од јавноста заради однесувањата на неговиот син, ви ја пренесуваме во целост:
Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Borjanka Taneva која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал. Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите”.
Гледајте си“ – напиша Алачки на својот профил.