Азар го пропушта отворањето на сезоната во Ла Лига

Белгискиот напаѓач Еден Азар ќе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид од новата сезона во Ла Лига, пренесува „Кадена Копе”. Тој се жали на повреда на глуждот и нема изгледи да се опорави до недела, кога тимот гостува во Реал Сосиедад.

Поради овој проблем, Азар не учествуваше на натпреварите на неговата репрезентација од Лигата на нации пред една недела. Потоа, сепак, тој го помина целиот камп со „црвените ѓаволи”, што го налути Реал Мадрид. Шпанците претпочитаа тој да се врати и да се лекува кај нив, но тоа не се случи.

Минатата сезона, која беше прва за Азар со „белиот” тим, тој сепак имаше здравствени проблеми и ја заврши со само еден гол во шампионатот.

Треба да знаете
Последни објави