Десет дена траеше вистинска војна на релација Лионел Меси – Барселона.
Аргентинецот по 19 години реши да ја напушти Барселона и побара да си замине по секоја цена.
Тој тврди дека законот му го дозволува тоа и се повика на фактот дека спорната клаузула за откуп од 700 милиони евра во последната сезона од договорот веќе не важи. Барса, пак, сметаше дека Меси доцни со активирањето на истиот и дека ако има намера да замине, некој мора да ја плати таа сума.
На крајот, Аргентинецот остана во Барса. Тој рече дека не е задоволен, но не сака на суд да заврши со својот клуб.
Работите штотуку се смирија, а на повидок е нова сапуница. Имено, Барселона е еден од клубовите најпогодени од корона кризата, во овој период забележале дефицит од 98 милиони евра и претседателот Бартомеу најави кратење на платите на играчите.
Шефот на клубот затоа побара итна средба со Меси затоа што сака тој да биде првата sвезда на тимот што ќе се согласи на пониска плата и да им даде пример на другите.
После сè што се случуваше во Барселона во последно време, ќе биде интересно да се види реакцијата на Меси на овој очајнички предлог.