Во Русија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.509 новозболени од Ковид-19, што е најголема бројка од крајот на јули.
За еден ден починале 54 пациенти од последици од новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 18.635.
Досега во Русија се заразиле над 1,06 милиони луѓе, а во моментот во земјата има 170.985 активни случаи.