“Јас сум Олти. Имам мајка, татко и брат. Живеам во Шведска. Добро сум, не ми треба ништо, имам услови.“
10 годишниот Олти стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. Со денови се врти фотографија на Олти под лажно име – Аљтон. Во лажниот опис се вели дека Аљтон е од Куманово и страда од болест на бубрезите и дека му се потребни пари за лекување.
ТВ21 контактираше со семејството на Олти. Неговиот татко кога го видел Олти на таа најава на интернет, се шокирал.
„Ја земале и злоупотребиле сликата на мојот син во Куманово. Кога го видовме ни падна тешко бидејќи нашиот син е здрав како дрен и не се вика Аљтон и нема 7 години.. Ова е Олти, 10 годишен. Живееме во Шведска, а сме од Косово. Кога ја видовме сликата не’ погоди многу тоа. Се чувствувавме многу лошо“, вели таткото Арѓенд Паќаризи.
Семејството Паќаризи е од Косово и со години живее во Шведска. Татко му вели дека случајот ќе го пријави во полиција. Тој упати апел да не се злоупотребуваат децата во вакви случаи бидејќи со тоа им се нанесува штета и на семејствата но и на децата на кои навистина им е потребна помош.
До МВР не стигнала пријава за случај за злоупотреба на фотографија на 10 годишниот Олти.
ТВ21 пред неколку дена контактираше со семејството на Олти кое стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. На фотографијата на Олти беше напишано лажно име – Алтон од Куманово боледува од болест на бубрезите и му се потребни 4 илјади евра за лекување.
Во замка падна и лице од Куманово кое поверувало дека детето е болно и дека мајката е самохран родител и дека навистина има потреба од операција. Лицето кое беше измамено сакаше да остане анонимно, но ни раскажа како изгледаше жената.
„Жената беше со зелена марама и облечена со црно. Ми рече дека живее под кирија во населба Соколана, но ми рече дека моментално се наоѓа во здравствен дом Куманово. Ми рече да се сретнеме таму. Отидов и и дадов 200 евра. Имаше дете со себе, во количка. Не и поставив прашања, но ако ја видам можам да ја идентификувам“, вели измаменото лице.