Пожарот што утринува избувна на сметлиштето позади салата „Борис Трајковски“ не е комунален отпад од Општината. Општина Карпош сиот отпад којшто ќе го соберат комуналните служби и хигиеничари го носи директно во депонијата „Дрисла“.
Општина Карпош најмалку десетпати досега ја расчистуваше оваа поранешна депонија, каде што со возила беа истоварани огромни количини шут и друг вид отпад. Конечно, во голема акција, заедно со јавните претпријатија, децениската депонија ја исчистивме темелно, ја оградивме со жица и со рампа, така што е оневозможено влегување на камиони и други возила, а со тоа и полнење на сметлиштето.. Најверојатно станува збор за индивидуално фрлање и палење на отпад, што треба да утврдат надлежните служби. Инаку овластениот еколошки инспектор од Општина Карпош веднаш излезе на увид на терен, а Општината повторно презема обврска да го расчисти спаленото ѓубриште“, велат од Општина Карпош.
Од Противпожарната бригада која излезе на терен да го угаси оганот соопштија дека не постои опасност од ширење на пламените јазици.