Ние како народ, и ние како партија, како ВМРО-ДПМНЕ треба да направиме се за да се спречи бугарсаката пропаганда. Простор од 100 дена за нова влада нема, бидејќи и нема нова влада. Сега не може да кажеме дека има нова влада, ова е старо – нова Влада, тоа се истите луѓе, од тоа што го кажуваа ништо не спроведоа, што би направиле сега. Оттука не гледам зошто опозицијата треба да молчи, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Канал 5 на емисијата Само вистина на која учествуваше и аналитичарот и поранешен амбасадор од СДСМ, Нано Ружин.
-Патриотизам е да ја сакаш татковината, но и победата на ракометниот клуб Вардар е патриотизам, и Тоше Проевски кој не претставуваше во регионот и пошироко, посочи Пандов.
Пандов посочи дека СДСМ има двојни стандарди кога зборува за многу теми, на пример, за СДСМ некои се терористи, а некои кои им се приклучија во промена на Уставот не се терористи. Тој потсети и на тоа дека никој не направил ништо од Владата на СДСМ за реформи во судството. Како пример го посочи лицето кое усмрти лице кај Млечен, а доби само условна казна.