На 13.09.2020 во 17.00 часот било пријавено дека на сервисна улица, која регионалниот пат Скопје-Свети Николе го поврзува со автопатот Скопје-Штип, автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(66) од Штип излетал од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С.(71) и Ц.С.(70), двајцата од Штип констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.