Четворица либански војници се убиени синоќа, во потера за исламист, откако извршиле рација во куќа во близина на градот Триполи, северен Либан.
Како што пренесуваат странските агенции, исламистот е поранешен член на терористичката организација Исламска држава и е осомничен дека е водач на терористичката ќелија која стои зад убиството на три лица минатиот месец во село на северот на земјата.
Тој е ликвидиран неколку часа по упадот на припадниците на армијата, при обид за бегство.
Во соопштението на либанската армија се наведува дека загинатите се членови на воена разузнавачка патрола и биле нападнати со огнено оружје и рачни гранати.