Ѓоковиќ: Не можам да гарантирам дека никогаш повеќе нема да направам сличен испад

Еден од најдобрите тенисери во светото, прворангираниот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ по дисквалификацијата од УС Опен, поради ненамерниот инцидент кој го предизвика со нервозно удирање на топче кое заврши во грлото на линиската судика, за првпат се појави пред новинарите.

Ѓоковиќ на прес-конференција во Рим зборуваше и на оваа тема, која изминатата недела беше доста експлатирана.

-Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продолжив понатаму. Тоа е тоа, изјавил Ѓоковиќ.

-Не можам да ветам или да гарантирам дека никогаш повеќе нема да направам нешто слично во животот. Секако дека ќе дадам се од себе да не се повтори, но во животот се е можно, вели српскиот тенисер.

Првиот светски рекет признал дека и во минатото имал слични испади, но дека такви испади имале и другите тенисери.

Треба да знаете
Последни објави