„Јансен” филијалата на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон” вчера ја почна втората фаза на испитување на својата вакцина против новиот коронавирус во Шпанија.
Во тестирањето, што ќе трае до 22 септември, учествуваат 190 лица.
Во следните два месеца покрај во Шпанија вакцината на „Џонсон и Џонсон” ќе се тестира и во Холандија и во Германиија, при што ќе учествуваат вкупно 550 луѓе.