Брест Мешков со подршка од навивачите ќе го нападне Вардар

Белорусија е една од земјите која во екот на борбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот не ги запре спортските активност, но и не ги затвори целосно вратитие на трибините за присуство на навивачите. Така утрешниот дуел (18.45 ч.) од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, во кој Мешков Брест ќе го пречека сеуште актуелниот европски владетел Вардар ќе се игра со присуство на публика.

Тимот од Белорусија ќе ја има подршката од своите навивачи, но таква можност барем засега нема да има македонскиот првак Вардар за реваншот и другите натпреаври, според сегашните  здравствено-безбедностни протоколи кои се на сила во земјава.

Од таборот на Мешков Брест на својата официјална страница ги известија своите навивачи дека е дозволено присуство на публика. Билетите за дуелот со Вардар 1961 веќе се пуштени во продажба, секако оние кои ќе се решат да го бодрат белорускиот тим ќе мора да ги почитуваат протоколите, како носење на маска, држење дистанца…

Салата нема да биде исполнета до последното место, поради пандемијата на коронавирус има промени, трибините што се близу до теренот нема да бидат достапни, како и оние од страна позади головите, но ќе има доволно место за најголемите поддржувачи на Мешков Брест.

 

Треба да знаете
Последни објави