Вакцина против коронавирус што се развива во Кина може да биде подготвена за јавна употреба уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Кина има четири вакцини против Ковид-19 во завршна фаза од клиничкото испитување.
Како што пренесуваат странските агенции, најмалку три од нив се веќе понудени на најизложените служби.
Синофарм соопшти дека нивната вакцина може да биде готова за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза.
Светските производители се натпреваруваат за развој на ефикасна вакцина против вирусот од кој починаа повеќе од 925.000 луѓе.
Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот.