Легендата на Ливерпул, Џон Олдриџ, смета дека менаџерот Јирген Клоп треба да бара нов централен напаѓач, откако Роберто Фирмино има потешкотии во постигнувањето голови во последно време.
– Ова лето се зборуваше многу за позицијата на Ливерпул на трансфер пазарот, но мислам дека би било добро за Боби (Фирмино) да има уште еден напаѓач да му дише во врат. Да знае дека мора да постигнува голови. Не ме сфаќајте погрешно, јас сум негов голем обожавател и тој често прави големи невидени работи во нападот, но кога си „деветка”, мора да постигнуваш голови. Сега е на дното и го знае тоа. Потребна е промена, вели Олдриџ.
Тој додаде дека ја разбира позицијата на клубот во врска со трансферите ова лето, но тоа е ризичен потег.
– Минатата сезона Ливерпул имаше среќа што немаше многу повредени играчи. Но, не можете да сметате на тоа. Мислам дека можеме да добиеме нов голгетер, изјави легендата на „црвените”.