Турција мора да ги стави под контрола сириските бунтовници кои ги поддржува во северна Сирија, кои можеби извршиле киднапирања, тортура и грабежи на цивилен имот, истакнаа денеска истражителите на Обединетите нации за воени злосторства.
Тие, исто така, наведоа дека трансферите на притворени сириски граѓани од страна на опозициската Сириска национална армија на турска територија со цел да бидат гонети може да биде воено злосторство, бидејќи станува збор за незаконска депортација.
Во извештајот што ја опфаќа првата половина на 2020 година, Истражната комисија на Обединетите нации за Сирија наведува дека атентатите и силувањата на цивилите од сите страни биле се обележани со растечки секташки тон во конфликтот што започна во 2011 година.
– Во Африн, Рас ал Аин и околните области, Сириската национална војска, поддржана од Турција, можеби изврши воени се земањето заложници, сурово постапување, тортура и силување, рече на брифингот претседателот на Комисијата, Пауло Пињеро.
– Турција треба да дејствува за да ги спречи овие злоупотреби и да обезбеди заштита на цивилите во областите под нејзина контрола, додаде тој.