Водата за пиење во Град Скопје е исправна и безбедна, покажуваат најновите анализи направени од страна на Секторот за санитарна контрола во „Водовод и канализација“.
Оттаму информираат дека во периодот од 7 до 11 септември испитани се 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на водата од 42 мерни места во Скопје.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира „Водовод и канализација“.