Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „HatTrick” програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.
– Новиот стадион не само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост – Фудбалскиот клуб Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари, изјави денеска заменик-градоначаникот на Штип, Јане Миланов.
Според ФФМ, реконструкцијата на западната трибина ќе овозможи 2.000 нови седишта за публиката, ќе има ВИП ложа, место за новинари, пристап за инвалидизирани лица и нови соблекувани.