Хеликоптер на американската армија се урна во провинцијата Хасака, на северот на Сирија, јави агенцијата САНА.
„Хеликоптер на американските окупаторски сили се урна во селото Тел Хадад во областа Јарубија“, наведува сириската агенција повикувајќи се на локални извори.
Според агенцијата, местото каде паднал авионот било блокирано од оклопни возила на американската армија.